Билатерални односи со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска


Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска се воспоставени на 16 декември 1993 година.


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Обединeтото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за меѓународен патен сообраќај“

  • склучена во Скопје на 18 јуни 1996 година
  • во сила од 29 јули 2005 година 

2. „Договор за репрограмирање на долгот меѓу Македонската Влада и Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска број 1 (1995)“

  • склучен на 5 септември 1996 година
  • во сила од 2 април 1997 година

2а. „Амандман на Договорот за репрограмирање на долгот меѓу Македонската Влада и Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска број 1 (1995)“

  • потпишана со размена на ноти на 30.11.2001 година
  • во сила од 30.11.2001

3. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за воздушен сообраќај“

  • склучена во Скопје на 1. октомври 1999 година
  • во сила од 1 август 2000 година

4. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за соработка во културата, образованието и науката“

  • склучен во Скопје на 10 март 2000 година 
  • во сила од 21 јули 2003 година 

5. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискалната евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал.“

  • потпишан во Скопје на 08 ноември 2006 година
  • во сила од 8 август 2007 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Спогодба за реципрочно вработување на сопрузите на дипломатите“

  • склучена со размена на ноти, на 11 јануари 1998 година

2. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на воени вежби и обука и обезбедување на поддршка од земја домаќин“

  • потпишан на 25 мај 2007 година од страна на Обединетото Кралство и на 11 јуни 2007 година од страна на РМ (со размена на писма).

3. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за обезбедување на логистичка поддршка и други релевантни прашања поврзани со македонскиот контингент во Авганистан кој дејствува како Чета за заштита на силите во Командата на ИСАФ.“

  • потпишан на 29 мај 2007 годинаод страна на Амбасадорот, а на 6 јуни 2007 година од нашиот Државен секретар (со размена на писма).

4. „Аранжман за имплементација меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за обезбедување на поддршка од земја домаќин на британските сили за времетраење на вежбата “Македонски Блесок 2007”.“

  • потпишан во Скопје на 18 јуни 2007 година 

5. „Меморандум за разбирање помеѓу Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“

6. „Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи од името на Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и Комонвелт од името на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“ 

  • склучен во Скопје на 12.07.2013 година (техничка помош –обуки)

7. „Меморандум за соработка меѓу Владата на Република Македонија претставена од Министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска претставена од Министерството за надворешни работи и Комонвелт“

  • склучен во Скопје на 16 јули 2013 година

8. „Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Универзитетот Варвик од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“

  • Потпишан во Лондон на 22 септември 2016 година

9. „Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Форин офисот на Обединетото Кралство“

  • Потпишана во Лондон на 12 септември 2017 година

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020