Соопштение

06 мај 2022

Состанок на Заедничката експертска комисија на Хеленската Република и Република Северна Македонија за отворањето нов граничен премин што ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија  и Промахои во Хеленската Република 

На 5 мај 2022 година, во Скопје, Република Северна Македонија,  се одржа вториот состанок на Заедничката експертска комисија на Република Северна Македонија и Република Грција за отворањето нов граничен премин што ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахои во Република Грција.

Состанокот го водеше Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и Претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Заедничкиот експертски комитет, г-дин Зоран Попов, со неговиот колега, генералниот секретар за јавен ред на Министерството за граѓанска заштита, г. Константинос Цувалас на Република Грција.

На состанокот присуствуваа и претставници на локалните власти од двете соседни страни на граничната линија.

За време на состанокот кој се одржа во конструктивна атмосфера и во духот на меѓусебното разбирање, беа разменти мислења околу моменталната состојба на Граничниот премин, формирање на стручна работна група која ќе ги дефинира локацијата на новиот Граничен премин, пресечните точки и техничките услови за изградба на новиот граничен премин, како и начинот на можноста за финансирање на Граничниот премин

Наредниот состанок на Заедничкиот експертски комитет на Република Северна Македонија и Република Грција за отворањето еден граничен премин Мајден-Промахои, ќе биде одржан во Република Грција.

     Скопје, 5 мај 2022 година