Амбасада на Република Северна Македонија во Велика Британија

Најнови вести

Средба Османи - Лосон по повод предавање на копиите од акредитивните писма

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Метју Лосон.  Министерот Османи, посакувајќи му успешна мисија на новиот Амбасадор, го истакна задоволството од одличните македонско – британски односи, кои се карактеризираат со интензивна размена на посети и средби на високо ниво, што претставува потврда на силната определба и интерес на двете земји за натамошно зацврстување на традиционалното пријателство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Соговорниците ја поздравија динамиката во рамки на трговските односи меѓу двете земји, со очекување дека истите ќе продолжат да се унапредуваат интензивно и во наредниот период, пред сé имајќи го предвид напредокот во трговската соработка постигнат со потпишувањето на Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година и одржувањето на првиот инаугуративен Совет во Скопје во октомври 2021 година, како највисоко тело за негова имплементација во иднина.  Во контекст на динамиката на европската перспектива на Регионот, се заблагодари за поддршката и експертизата која Северна Македонија во континуитет ја добива од Обединетото Кралство во рамки на реформските процеси. МНР Османи го информираше амбасадорот Лосон за последниот статус на евроинтегративниот процес на нашата земја, одржувањето на Првата политичка меѓувладина конференција и стартот на скрининг процесот, ветувајќи посветена работа во процесите кои следуваат поврзани со процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ.    Скопје,  20 јули 2022 година

Средба со сер Стјуарт Пич, специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер

Денес, 28 јуни 2022 г., амбасадорката Александра Миовска имаше средба со сер Стјуарт Пич (Sir Stuart Peach), специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер.
На средбата стана збор за силната и континуирана поддршка на Обединетото Кралство за надворешно-политичките стратешки приоритети на Република Северна Македонија. Воедно, се разговараше и за долгорочната британска проектна поддршка во реализирањето на домашните реформи во различни области кои се од интерес за македонските граѓани. Миовска и сер Стјуарт разменија мислења и за состојбите и перспективите на земјите од регионот на Западен Балкан во светло на последните настани врзани за ЕУ интегративниот процес.

Нова адреса на Амбасадата

Од среда, 29 јуни 2022 г., Амбасадата продолжува со работа во нови простории. Поради одредени технички зафати кои бараат уште малку време, конзуларните услуги ќе бидат ограничени на давање конзуларни совети, заверки на полномошна и изјави, издавање потврди и патни листови и прием на пријави за престој во странство над три месеци. Базната станица за прием на барања, земање на биометриски податоци и издавање на пасоши, како и компјутерскиот систем за издавање на македонски визи и изводи од матичните книги ќе бидат пуштени во редовна работа за неколку денови, за што дополнително ќе ве информираме.
Новата адреса на Амбасадата е:
4th Floor, 64-65 Vincent Square,
London SW1P 2NU
Телефонот (0207 976 0535) и е-mail адресата ([email protected]) остануваат исти.
 

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола