Средба со сер Стјуарт Пич, специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер

28 June 2022
Денес, 28 јуни 2022 г., амбасадорката Александра Миовска имаше средба со сер Стјуарт Пич (Sir Stuart Peach), специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер.
На средбата стана збор за силната и континуирана поддршка на Обединетото Кралство за надворешно-политичките стратешки приоритети на Република Северна Македонија. Воедно, се разговараше и за долгорочната британска проектна поддршка во реализирањето на домашните реформи во различни области кои се од интерес за македонските граѓани. Миовска и сер Стјуарт разменија мислења и за состојбите и перспективите на земјите од регионот на Западен Балкан во светло на последните настани врзани за ЕУ интегративниот процес.