Embassy of the Republic of North Macedonia in Great Britain

4th Floor, 64-65 Vincent Square, London SW1P 2NU

Phone: ++ 44 207 976 0535

Fax: ++ 44 207 976 0538

Latest news

Средба со сер Стјуарт Пич, специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер

Денес, 28 јуни 2022 г., амбасадорката Александра Миовска имаше средба со сер Стјуарт Пич (Sir Stuart Peach), специјален пратеник за Западен Балкан на британскиот Премиер.
На средбата стана збор за силната и континуирана поддршка на Обединетото Кралство за надворешно-политичките стратешки приоритети на Република Северна Македонија. Воедно, се разговараше и за долгорочната британска проектна поддршка во реализирањето на домашните реформи во различни области кои се од интерес за македонските граѓани. Миовска и сер Стјуарт разменија мислења и за состојбите и перспективите на земјите од регионот на Западен Балкан во светло на последните настани врзани за ЕУ интегративниот процес.

Нова адреса на Амбасадата

Од среда, 29 јуни 2022 г., Амбасадата продолжува со работа во нови простории. Поради одредени технички зафати кои бараат уште малку време, конзуларните услуги ќе бидат ограничени на давање конзуларни совети, заверки на полномошна и изјави, издавање потврди и патни листови и прием на пријави за престој во странство над три месеци. Базната станица за прием на барања, земање на биометриски податоци и издавање на пасоши, како и компјутерскиот систем за издавање на македонски визи и изводи од матичните книги ќе бидат пуштени во редовна работа за неколку денови, за што дополнително ќе ве информираме.
Новата адреса на Амбасадата е:
4th Floor, 64-65 Vincent Square,
London SW1P 2NU
Телефонот (0207 976 0535) и е-mail адресата ([email protected]) остануваат исти.
 

Проштална средба Османи- Галовеј

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари проштална средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Скопје, г-ѓа Рејчел Галовеј. Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, изразувајќи заемно задоволство од интензивниот политичкиот дијалог и развиената меѓусебна трговска соработка. Министерот Османи се заблагодари за активниот ангажман и посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и економскиот просперитет на Западниот Балкан, како и за континуираната британска поддршка на европските интеграции на нашата земја и напорите на ОК во одржувањето на силни партнерски односи со нашата земја во рамки на НАТО. На средбата стана збор и за руската инвазија врз Украина, ризиците од пошироки импликации на кризата, како и ургентноста од поблиска соработка меѓу Европската Унија и НАТО за зачувување на безбедноста на европско тло. По повод завршувањето на дипломатската мисија, министерот Османи ѝ врачи плакета- благодарница на амбасадорката Галовеј за нејзиниот личен ангажман и активен придонес за унапредување на билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

 

Скопје, 14 јуни 2022 г.

Tourist destinations

Манастир Јован Бигорски

Шарена Џамија, Тетово

Залив на Коските, Охрид